Дома Фудбал Репрезентации Холандски новинар му го бараше пасошот на Модриќ, не веруваше дека има 37 години

Холандски новинар му го бараше пасошот на Модриќ, не веруваше дека има 37 години

Во септември Лука Модриќ ќе наполни 38 години, а вчера одигра уште еден одличен натпревар во кој на теренот беше 120 минути.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот и холандските новинари беа зачудени од перформансот кој го покажа хрватскиот фудбалер, па во микс зоната еден од нив го побара неговиот пасош.

„Дајте ми го вашиот пасош, сакам да проверам дали имате 37 години кога трчате 119 минути на теренот“.

На тоа Модриќ возврати.

„Нема проблем, по интервјуто ќе ви го покажам пасошот. Навивачите ми даваат љубов и почит, па тоа ми е мотив и понатаму да продолжам да играм“, одговори Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…