Дома Останати Холандија и Норвешка во битка за европско злато!

Холандија и Норвешка во битка за европско злато!

Холандија и Норвешка ќе играат во финалето на Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Шведска.

Холандија ја победи Данска 26:22, откако по нерешените 13:13 на полувремето, Холанѓанките на стартот од вториот дел направија серија 6:0 со која и го решија победникот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полман со седум и Грот со шест гола ја предводеа Холендија до победата, додека кај Данска со шест гола најефикасна беше Стине Јоргесен.

Норвешка славеше над Франција 20:16, благодарение на серијата 7:1 о периодот од 11 до 27 минута и серијата 4:0 во последните седум минути од натпреварот.

Одличната игра во дефанзива и големиот број на технички грешки го обележаа второто полуфинале. Блескаше норвешката голманка Солберг која мечот го заврши со 13 интервенции, вклучувајќи ги првите пет од пет обиди на Фрнацузинките во првиот дел, кога Норвешка негативата 4:7 ја претвори во позитива 11:8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…