Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Холандија во осминафинале, Македонија ја загуби и теоретската шанса🎥

Холандија во осминафинале, Македонија ја загуби и теоретската шанса🎥

Холандската репрезентација ја оствари втората победа на ЕУРО, овој пат над Австрија (2:0) и се пласира во осминафиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со тоа Македонија ги загуби и теоретските шанси за пласман во нокаут фазата и последниот натпревар во Амстердам ќе биде без резултатско значење.

Холандија полесно од очекувањата славеше над Австрија и дојде до предност уште на самиот почеток на мечот. Алаба направи пенал, а сигурен реализатор беше Депај.

„Лалињата“ до крајот на полувремето можеа да имаат и поубедлива предност, но промашија неколку шанси. Конечните 2:0 ги постави Думфрис во 67-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Тухел: Свесни сме што треба да направиме за да ја победиме Хрватска

Вечерва, во 22 часот, според наше време, Хрватска започнува со нејзиниот прв натпревар на …