18-годишниот талент на Челзи, Калим Ходсон-Одој се согласил да потпише нов договор со клубот, пренесуваат медиумите на Островот.
Во јануари „сините“ одбија неколку богати понуди од Баерн Минхен за крилниот фудбалер, иако самиот играч испрати молба за трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Баварците се уште се заинтересирани за Ходсон-Одој, но младиот Англичанец се предомислил и сега е спремен да потпише нов договор со Челзи.
„Сините“ се спремни да му понудат 100.000 фунти неделна плата, но и поголема минутажа следната сезона.
Притоа, Челзи е спремен да му го понуди и дресот со број „десет“ кога ќе се комплетира трансферот на Азар во Реал Мадрид, бидејќи во него гледаат легитимен наследник на Белгиецот.