Дома Фудбал Лига на шампиони Хит во Италија: Погледнете како реагираше Пјаниќ кога Јуве доби пенал против Атлетико (ВИДЕО)

Хит во Италија: Погледнете како реагираше Пјаниќ кога Јуве доби пенал против Атлетико (ВИДЕО)

Победата на Јувентус над Атлетико Мадрид (3:0) и денеска е тема во италијанските медиуми.

Откако што првиот натпревар заврши со резултат од 2:0, речиси никој не веруваше дека Јуве ќе помине во четвртфиналето, сите шпекулираа за замена на Алегри, но во реваншот тие одиграа натпревар за паметење и на крајот со 3:0 го елиминираа Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Титулата играч на натпреварот, се разбира си замина во рацете на Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик, а со португалскиот фудбалер брилијантен беше и Пјаниќ. Играчот од Босна беше „моторот“ на екипата, претрча најмногу и со генијално размислување ги контролираше нападите на Јувентус.

На социјалните мрежи сега се појави и интересно видео кое покажува како Пјаниќ реагирал во моментот кога во финишот од натпреварот беше досуден пенал. Камерите го фатија Пјаниќ кој се однесуваше како најголем навивач на Јувентус, исто како дете мало падна на колена.

Тој пенал, на крајот беше одлучувачки за поминувањето на Јувентус во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Милан избра нов тренер

Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета де…