Дома Видео Хит видео: Британски комичар го имитираше Ѓоковиќ – ќе бидам најдобар во галаксијата! 🎥

Хит видео: Британски комичар го имитираше Ѓоковиќ – ќе бидам најдобар во галаксијата! 🎥

Џош Бери е познат британски комичар кој сега го привлече вниманието имитирајќи го славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Не е новост Бери да имитира тениски ѕвезди, го правел тоа и претходно, но видеото од Ѓоковиќ поради популарноста на српсиот тенисер веројатно е едно од оние кои му привлекоа најголемо внимание.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во имитацијата Бери ја користеше физичката спремност на Ѓоковиќ и неговиот карактер никогаш да не се откажува, па дури и кога се изгледа невозможно.

„Никогаш нема да се пензионирам, ќе продолжам да играм тенис. Веганската диета ќе ми овозможи да имам органи како 14-годишник и ќе продолжам. Моето тело и дух се во перфектна состојба. Дури и кога плнетата земја ќе има проблеми поради климатските промени, јас ќе се погрижам да се преселиме на други планети каде што повторно ќе победувам. Јас ќе бидам најдобриот во целата галаксија“, зборува тој во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…