Дома Останати Хималајска машина: За една недела два пати се искачи на Монт Еверест

Хималајска машина: За една недела два пати се искачи на Монт Еверест

Непалскиот алпинистички водич, Ками Рита, е нов светски рекордер во сферата на искачувања на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, со неговиот подвиг кој го направи искачувајќи го покривот на планетава два пати во само една недела. Рита досега го има искачено вкупно 24 пати фамозниот Чомолунгма.

Ками во четвртокот на 16. мај се искачи на покривот на светот од јужната страна , а во вторникот утрото на врвот стигна водејќи група индиски алпинисти.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Непалскиот шерпас кој работи за , Seven Summit Treks, организатор на експедиции со седиште во Катманду, им помага на странските алпинисти да стигнат на Монт Еверест. Ками Рита вели дека ќе се повлече од оваа работа кога на Монт Еверест ќе се качи 25 пати.

Последниот пат на височина од 8 848 метри се искачил преку гребенот на југоисточната патека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Веќе се најавува: По реваншот помеѓу Фјури и Усик ќе следи нов спектакл

Како и што беше веќе најавено, Тајсон Фјури ќе ја активира клазулата од договорот пред бор…