Дома Фудбал Германија Хејнкес потврди, Баерн на лето добива нов тренер!

Хејнкес потврди, Баерн на лето добива нов тренер!

Искусниот германски тренер Јуп Хејнкес ја отфрли можноста да остане во Баерн по истекот на привремниот договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хејнкес се врати во Баерн на почетокот на откомври наследувајќи го Карло Анчелоти. За кратко време тој го препороди минхенскио клуб, се вратија играта и резултатите, а многу навивачите изразија желба тој да остане во клубот и после завршувањето на сезоната.

Сепак тоа нема да се случи.

„Останување? Таа опција е целосно исклучена“, изјави 72 годишниот стручњак, додавајќи дека советување на управата е нешто што сака да го прави по завршувањето на тренерскиот ангажман.

Во Баерн следните неколку месеци ќе одлучат кој ќе седне на тренерското место по заминувањето на Хејнкес. Како можни кандидати се споменуваат, Јулијан Нагелсман, Томас Тухел, па дури Јирген Клоп и Јоаким Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

УЕФА доживотно го суспендираше селекторот поради активности кои го згрозија светот

Еден од најголемите скандали во женскиот фудбал доби конечен епилог! УЕФА доживотно го сус…