Дома Фудбал Германија Хејнкес: Баерн мора да ја промени трансфер политиката

Хејнкес: Баерн мора да ја промени трансфер политиката

Тренерот на Баерн Минхен смета дека раководството на германскиот гигант би требало да ја промени трансфер политиката доколку сака повторно да биде помеѓу најдорите клубови во Европа.

Според Јуп Хејнкес Баерн мора да започне да го следи трендот во модерниот фудбал и да доведува големи ѕвезди за огромни суми.

„Секако дека е важно да развиваш фудбалери, но Баерн треба да започне и да прави трансфери на големи ѕвезди кои вредат многу“, изјави Хејнкес.

Но, сепак преседателот на Баерн, Ули Хенес пред неколку месеци објасни дека клубот не планира да прави трансфери за астрономски суми. Да потсетиме, најскап фудбалер во историјата на Баерн Минхен е Корентин Толисо кој во клубот пристигна ова лето за сума од 41.5 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тотенхем размислува за трансфер на Каору Митома во јануари

Роберто Де Зерби сака да го врати Каору Митома во своите редови, овој пат во Тотенхем. Јап…