Дома Фудбал Германија Хејкенс се повлекува по крајот на сезоната: Животот е повеќе од само работа

Хејкенс се повлекува по крајот на сезоната: Животот е повеќе од само работа

heynkes

Искусниот германски стручњак Јуп Хејкенс уште еднаш повтори дека не постои можност да остане на клупата на Баерн и после 1 јуни.

Челниците на Баварскиот гигант веќе подолго време се во потрага на тренер кој ќе го води Баерн од наредната сезона. Се споменуваат многу имиња, па и можноста да се продолжи соработката со Хејкенс, меѓутоа искусниот стратег ги отфрли тие гласини.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Уште еднаш порача дека после епизодата во Баерн ќе дојде време за крај, овојпат за последен пат.

„Го презедов Баерн оваа сезона во ситуација кога немаше тренери кои можеа да ги исполнат сите планови на управата на клубот на краток временски рок. Ми кажаа дека тука ќе бидам до крајот на сезоната и јас на тоа се придржувам.“ – изјави Хејкенс и додаде:

„Имам 73 години и никогаш не знаете уште колку време ви останува. Немам план повторно да тренирам. Во животот има многу повеќе од само работа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …