Дома Фудбал Хејкенс: Мора да играме подобро ако сакаме да ја освоиме ЛШ

Хејкенс: Мора да играме подобро ако сакаме да ја освоиме ЛШ

Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ како гостин славеше против Севиља со 2:1 и со едната нога е во полуфиналето во ова натпреварување.

Иако Севиља водеше со 1:0, Баерн успеа да дојде до комплетен пресврт и тоа со многу среќа, што после натпреварот го призна и тренерот Хејкенс.

„Дефинитивно имавме среќа, но тоа е фудбалот. Прво примивме гол и беше важно веднаш да одговориме. Тоа брзо изедначување за нас беше добра инекција за самодоверба.“ – рече Хејкенс и продолжи:

„Севиља беше подобра во прво полувреме, а ние во второто. Сепак, мора да играме подобро ако сакаме да ја освоиме ЛШ. Кога се ќе се собере, мислам дека заслуживме да славиме во Севиља.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…