Дома Фудбал Англија Хет-трик за Маунт, Челзи го испрати Норвич со „седмица“

Хет-трик за Маунт, Челзи го испрати Норвич со „седмица“

Денес во рамките од 9. коло во Премиер лигата во терминот од 13:30 часот се сретнаа Челзи и Норвич.

Од самиот почеток натпреварот одеше во една насока, а на крајот Челзи забележа победа од 7:0. Победата на „сините“ можеше да биде и поубедлива, но Тим Крул ги спречи играчите на Челзи да погодат од неколку добри ситуации.

Резултатот беше отворен после само осум минути игра, погоди Мејсон Маунт. После само десет минути Челзи веќе имаше 2:0. Продолжи Челзи и после водството да напаѓа, а во финишот од првиот дел Џејмс обезбеди 3:0. Тука веќе беше јасно каде ќе завршат бодовите од овој меч.

Чилвел ја продолжи својата одличната голгетерска серија и во 57 минута зголеми на 4:0. Само пет минути подоцна после едно нафрлување, Аронс го измами Крул си постигна автогол за „петарда“.  Да биде работата полоша, Гибсон во 65. минута заработи втор жолт картон и исклучување.

Маунт во 85. минута од пенал го постигна вториот гол на натпреварот за 6:0, а во последните минути дојде и до хет-трик за конечни 7:0. Челзи со овој триумф дојде до 22 бода на врвот на табелата и сигурно ќе остане лидер и после ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пет играчи од Италија сè уште без шанса под водство на Манчини

Италија одигра три натпревари во Лигата на нации, но пет играчи од составот на Манчини сè …