Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус, призна дека тешко му паднала серија од осум натпревари без гол.
Од тогаш Бразилецот постигна пет голови на три натпревари, вклучувајќи го и хет-трикот во победата над Динамо Загреб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Искрено минатиот месец не бев добро и не бев среќен. Играв на девет-десет натпревари и не дадов гол, промашував многу шанси и секако дека не можам да бидам задоволен кога тоа се случува. Некогаш фудбалот е таков, во тие моменти мораш да работиш и да се обидеш да си помогнеш, тоа го правев јас“.
„Не можам да зборувам во име на другите играчи, можам само за себе да кажам. Кога не бев задоволен ми доаѓаше да си пукам во главата. Се сфаќав лично и си размислував: Боже, морам дадам гол, морам да дадам гол! Таквото размислување ми создаваше притисок“, изјави Хесус.
Хесус има 22 години, а во Сити дојде во 2017 година од Палмеирас.