Непогрешлив во додавањата, цврст во дуелите, на крајот постигна и погодок….
Кога доаѓаше во Европа за него се зборуваше „знае само да тепа“. Никој (веднаш) не го забележа она што го забележаа скаутите на Реал Мадрид кои го следеа во Сао Паоло. Карлос Енрике Касемиро полека израснува во еден од клучните играчи на европскиот шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реваншот во Париз покажа дека Касемиро е повеќе од само обезбедувач на средината на теренот.
Бројките на Касемиро од вчерашниот натпревар се навистина неверојатни. Верувале или не, Касемиро од 57 додавања погреши само едно! Тоа не се само пасови во дефанзивата на својата половина 27 од нив Касемиро го изведе на противничката половина.
Покрај пасовите, Касемиро беше одличен и во дуелите, доби дури 11, а покрај тоа украде и 11 топки, на сето тоа имаше и еден успешен дриблинг, за на крајот и да ја затресе мрежата на Ареола.
ИМПРЕСИВНО!
1 – Casemiro in this game against PSG:
1 goal
1 shot
56 passes completed (57)
4 tackles won (5)
11 recoveries
Astonishing. pic.twitter.com/ij18RMMDh5— OptaJose (@OptaJose) March 6, 2018