Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Тотенхем после лудото четвртфинале: ВАР, ти благодарам! (ВИДЕО)

Херојот на Тотенхем после лудото четвртфинале: ВАР, ти благодарам! (ВИДЕО)

Сон Хеунг Мин во првото четвртфинале беше херој на Тотенхем бидејќи го постигна одлучувачкиот гол за победа од 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Беше Јужнокореецот еден од хероите на Тотенхем и вечерва. Постигна два гола на отварањето на натпреварот, а иако на крајот Тотенхем изгуби со 4:3, тоа на овој тим му беше доволен резултат за пласман во полуфиналето.

„Петлите“ до полуфиналето стигнаа преку драматичната завршница. ВАР потврди гол на Љоренте за конечни 4:3 иако се спомневаше дека ветеранот играше со рака, додека во судиското подолжение поништи гол на Стерлинг.

Во почетокот на акцијата Агуеро беше во офсајд бидејќи повратната топка од Ериксен кон него ја одби Бернардо Силва, па после интервенција на ВАР беше поништен гол за пласман на Сити во полуфиналето.

После натпреварот кратка изјава даде Сон.

„Никогаш не сум играл натпревар како овој. Многу сме горди. Беше ова неверојатна ноќ. Некогаш ВАР ве нервира, денес можеме да му кажеме фала за добрите одлуки. Толку сум емотивен што не знам што би кажал Сон“, изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …