Дома Фудбал Италија Херојот на Милан: Што се промени? Ибрахимовиќ, Кјаер и Беговиќ!

Херојот на Милан: Што се промени? Ибрахимовиќ, Кјаер и Беговиќ!

Анте Ребиќ денес беше херој на Милан постигнувајќи два гола во победата над Удинезе од 3:2.

Милан во драматичен натпревар на „Сан Сиро“ успеа да слави против Удинезе, а резервистот Ребиќ неговиот втор гол на натпреварот го постигна во 93. минута.

За Милан ова беше трета победа во низа, па новинарите го запрашаа што се променило?

„Сега имаме два три важни играчи како Ибрахимовиќ, Кјаер и Беговиќ кој е одлична резерва на клупата. Освен што имаме помош од нив на теренот, тие се искусни играчи кои ни даваат совети. Ние тие совети ги спроведуваме на теренот и резултатот сите го гледате“.

Целите за на крајот од сезоната?

„Не сакам сега ништо да кажам за тоа. Мораме да продолжиме да одиме натпревар по натпревар, да освојуваме бодови и да бидеме фокусирани“, изјави Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ризикува да направи голема грешка со Алисон

Фабрицио Романо откри дека нема разговори за нов договор меѓу Алисон Бекер и Ливерпул, што…