Дома Фудбал Франција Херера: Зошто за ПСЖ би било неуспех ако не ја освои ЛШ?

Херера: Зошто за ПСЖ би било неуспех ако не ја освои ЛШ?

ПСЖ неубедливо ја започна сезоната во Лигата на шампионите, иако „светците“ се сметаат за едни од главните фаворити.

Во првото коло против Клуб Бриж ПСЖ одигра 1:1 иако на теренот од првата минута играа Меси, Нејмар и Мбапе. Голот за ПСЖ го постигна Андер Херера кој сега во интервју за „Марка“ истакна дека е зачуден од статусот кој ПСЖ го има во јавноста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не ми е јасно зошто за ПСЖ би било неуспех ако не ја освои ЛШ? Во две години бевме во финалето и полуфиналето. Мислам дека тоа секако е голем успех. Не сфаќам зошто не се прави притисок врз Реал, Челзи, Барселона, Сити или Јувентус…Само на ПСЖ му се поставува императив за освојување на ЛШ“, изјави Херера.

Што мисли за триото Мбапе – Нејмар – Меси.

„Тешко прашање. Килијан е најдобар во светот на голем простор, Нејмар пак е фантазиста играч од потег, а Лео е најдобар во се останато. Мислам дека би можел да биде најдобар лев или десен бек, се би можел да игра освен да биде на голот. Неверојатно е колку добро ја разбира играта“, истакна Херера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…