Претседателот на Управниот одбор на Баерн, Ули Хенсе, истакна дека Хари Кејн сака да се пресели на „Алијнац Арена“.
Кејн веќе има договор со Баварците, но Тотенхем е познат како тежок преговарач, па двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хенес јавно го повика англискиот клуб дека мора да попушти за трансферот да се реализира што побрзо.
„Хари Кејн многу јасно сигнализираше дека донел одлука. Ако го исполни дадениот збор, ќе го потпишеме. Тотенхем ќе мора да се откаже. Чекаме Леви да ја каже цената. Румениге често разговара со него“, изјави Хенес.
„Тој сака да игра во европските натпреварувања, а Тотенхем нема да биде таму следната сезона. Тотенхем од друга страна ќе мора да ја каже цената, и да се помири со тоа“, додаде Хенес.