Дома Фудбал Хендерсон: Спремен бев да го „убијам“ Суарез

Хендерсон: Спремен бев да го „убијам“ Суарез

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон откри случка од почетокот на неговиот престој на „Енфилд“ со тогашниот соиграч Луис Суарез.

Уругваецот пристигна во Ливероул во јануари 2011 година, а неколку месеци подоцна и Хендерсон се пресели на „Енфилд“, тогаш како 20-годишен фудбалер.

„Се обидував да го давам најдоброто од себе си. Штом се фудбалер секогаш има критики и луѓето се сомневаат во тебе цело време. Тогаш бев млад играч и имаше една работа која Луис ја правеше на тренинзите, а која не ми се допаѓаше. Тој ги дигаше рацете како да сакаше да каже дека местото не ми е во тој тим. Тоа навистина ме поведи, го направи три пати, а потоа избувнав и бев спремен да го убијам“, раскажува Хендерсон.

„Меѓутоа, од тој момент понатаму имав добри односи со Луис. Во следниот меч му асистирав за гол, а после тоа тој се однесуваше одлично со мене и многу се сближивме. Тој беше уште еден голем играч од кого учев“, додаде Англичанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…