Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон денес беше успешно опериран на адукторот, потврдија од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул не посочи конкретен датум за негово враќање на терените, но според англиските медиуми ќе паузира 6 до 8 недели.
Тоа значи дека со сигурност 30-годишниот играч за врска ќе се врати до крајот на сезоната, најверојатно кон средината на април.
Со тоа се побиваат песимистичките прогнози дека Хендерсон ќе го пропушти остатокот од сезоната и дека ќе биде под знак прашалник за Европското првенство.
Хендерсон се здоби со повреда за време на градското дерби со Евертон. Минатиот викенд.
We can confirm Jordan Henderson has undergone a successful operation on the injury he sustained during Saturday’s Merseyside derby with Everton.
— Liverpool FC (@LFC) February 26, 2021