Дома Фудбал Хендерсон и Ливерпул се договорија, наскоро потпис

Хендерсон и Ливерпул се договорија, наскоро потпис

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул постигнал договор со капитенот Џордан Хендерсон за продолжување на соработката.

Хендерсон ќе остане на „Енфилд“ и покрај најавите дека сака да го промени клубот, а клучна улога одиграл менаџерот Јирген Клоп.

Репрезентативецот на „Гордиот Албион“ се согласил да потпише нов тригодишен договор со можност за уште една година во зависност од тоа колку натпревари ќе одигра во третата година.

Тоа значи дека 31-годишниот Хендерсон најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…