Дома Фудбал Англија „Хендерсон е најдобриот играч за врска во светот“

„Хендерсон е најдобриот играч за врска во светот“

Поранешниот тренер на Бенфика и Спортинг Лисабон, Жорге Хесус тврди дека Џордан Хендерсон е најдобар играч за врска во светот.

Хесус својот Фламенго неодамна го водеше во финалето од Светското клупско првенство во кое бразилскиот тим играше против Ливерпул. Очигледно Хесус бил воодушевен од она што го прикажал Хендерсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Хендерсон е најдобриот играч за врска во светот. Клоп никогаш не го менува, додека Кеита и Ванијалдум некогаш се менуваат. Останатите играчи се исти“, порача Клоп.

Неодамна, после натпреварот против Шефилд кој Ливерпул го доби со 2:0 и Клоп јавно го фалеше Хендерсон.

„Ако некој не го гледа квалитетот на Хендерсон тогаш не можам да му помогнам. Дали е перфектен фудбалер? Не. Не познавам некој фудбалер кој е таков. Дали е неверојатен за нас? Да.“, изјави Клоп после првиот натпревар во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…