Хајдук соопшти дека го раскинува договорот со Иван Перишиќ по последните недоразбирања меѓу него и клубот.
Тренерот Џенаро Гатузо пред неколку дена го исфрли Перишиќ од првиот тим, а тоа го направил поради недисциплината на фудбалерот кој побарал трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Перишиќ е дете на Хајдук каде помина неколку години во младинските категории на клубот, а се врати како бомбастично засилување, но одигра само 12 меча.
„Перишиќ си заминува, тоа е сигурно. Во наредните денови ќе утврдиме дали тоа ќе биде во трансфер или со прекин на договорот. Во изминатите денови се случија некои работи кои донесоа недоразбирање од двете страни кои сакаат на мирен начин да стават крај на соработката“, изјави спортскиот директор Калиниќ.