Во октомври ланската година Милан го договори трансферот на 21 годишниот Јенс Питер Хауге кој на 18 натпревари постигна два гола за Милан.
Поранешниот член на норвешкиот Бодо/Глимт сега откри дека неговиот сонародник Ерлинг Халанд го советувал да потпише договор со „росонерите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Разговарав со него, многу клубови беа заинтересирани за мене. Ерлинг ме советуваше да потпишам за Милан. Знаев дека ќе биде тешко, тоа ми го кажа и тој, но верував дека можамн да биде успешен“, изјави Хауге.
Хауге верува дека и Халанд би можел брзо да се адаптира на италијанските услови.
„Мислам дека ги има сите потребни квалитети за брзо да се адаптира, доста е брз и силен. Сигурно би бил среќен“, смета младиот фудбаелер.