Дома Фудбал Германија Хари Кејн откако потроши над еден милион евра во хотел пронајде куќа во Минхен

Хари Кејн откако потроши над еден милион евра во хотел пронајде куќа во Минхен

Хари Кејн во финишот од преодниот рок го напушти Тотенхем и се пресели во Германија каде што игра одлично во дресот на Баерн Минхен.

На 16 натпревари сезонава, Кејн постигна 21 гол и додаде уште седум асистенции, но интересно досега немаше пронајдено дом во Минхен и живееше во луксузен хотел. Англискиот голгетер престојуваше во хотелот „Vier Jahreszelten Kempinski“ во Минхен. Вкупно за престојот во овој хотел Кејн потрошил 1.2 милион евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Кејн пронашол вила во која ќе живее, тврди „Атлетик“. Како што објави реномираниот медиум, Кејн престојува во вила која е во сопственост на поранешна ѕвезда на Баерн, но името на фудбалерот не се објавува.

Таткото и братот кој му е агент на Кејн постојано се во Минхен, додека сопругата и неговите четири деца го посетуваат еднаш месечно. Кејн во Баерн заработува 480.000 евра неделно, односно 25 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …