Хари Кејн направи трансфер од Тотенхем во Баерн Минхен за конечно да освои трофеј, но во моментов е далеку од такво нешто.
Баер Леверкузен наскоро ќе ја потврди титулата во Бундеслигата, со што ќе се прекине серијата на Баерн од сезоната 2012/13, а од купот каде што исто така Леверкузен ќе игра финале беа елиминирани претходно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Баерн вчера ремизираше со Арсенал во Лондон со 2:2 и има шанса пред своите навивачи да се избори за пласман во полуфиналето, но во тој случај ќе оди на Манчестер Сити или Реал Мадрид.
Хари Кејн моментално е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со седум постигнати гола, а со 32 гола е убедливо прв стрелец во Бундес лигата, како и во трката за „Златната копачка“ на Европа. .
Кејн постигна 32 гола, а зад него се Сери Гираси со по 24, Килијан Мбапе, Лаутаро Мартинез со 23, и тешко дека некој ќе му ја „украде“ „Златната копачка“ на Англичанецот. Но, доколку не освои ниту еден трофеј, индивидуалните признанија веројатно нема да му значат многу…