Синоќа во 22. коло од германската Бундес лига, Бохум приреди сензација со победата од 3:2 против Баерн, а на удар се најде и Хари Кејн за неверојатно промашување во ситуација која можеше да го одлучи натпреварот.
Иако Баерн водеше со голот на Мусиала, домашните направија пресврт и водство од 3:1 со головите на Асан, Шлотербек и Стогер, а Хари Кејн во самиот финиш на натпреварот ги постави конечните 3:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, токму Кејн беше мета на жестоки критики поради ситуацијата што се случи во 19. минута од натпреварот, кога англискиот напаѓач имаше шанса да постигне гол за 2:0 и уште тогаш да го „реши“ мечот, но тој не успеа да го стори тоа..
Џамал Мусиала испрати мајсторско додавање за Кејн, кој излезе сам на голманот на Бохум, а потоа на шок и неверување на сите на стадионот ја испрати топката високо над голот на домаќините.
Jamal Musiala great pass to a Harry Kane miss vs Bochum 19′
byu/Imbasauce insoccer
Вакви промашувања не сме навикнати да гледаме од напаѓачот кого Баерн летово му плати дури 100 милиони евра на Тотенхем, а сигурно е дека ова е едно од најтешките промашувања што ги имал Кејн во кариерата.