Дома Фудбал Англија Хаотично во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“: Лукаку во улогата на предаден од пријателите и продаден од „братот“!

Хаотично во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“: Лукаку во улогата на предаден од пријателите и продаден од „братот“!

Хаотично во Манчестер. Како што јавува Дејли Мирор, Жозе Мурињо ќе има полна рака работа бидејќи како што се наведува постои голема доза на нетпреливост помеѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одамна е познато каков карактер има шведскиот ветеран, без влакна на јазикот, а тоа го покажа и во соблекувалната на Јунајтед каде го критикуваше Лукаку и го доведе во прашање неговиот статус на прв напаѓач на екипата.

Тоа како што се наведува влијаело на Лукаку, па Белгиецот во последните две недели станал толку несреќен и не нуди партии на очекуваното ниво. Лукаку по пристигнувањето на „Олд Трафорд“ токму од Ибрахимовиќ побара благослов и поддршка. Од летното преминување од Евертон, Лукаку одигра 27 натпревари и постигна 15 погодоци, а Швеѓанецот закрепнуваше од повредата која ја заработи во април и неодамна се врати на терените.

Ибра како Ибра, штом се врати почна да се однесува како сопственик на „Олд Трафорд“, а Лукаку како што се наведува е лут и на тренерот Мурињо и стручниот штаб, но и на Пол Погба бидејќи застана на страна на Швеѓанецот. Но, тука не се завршува списокот на луѓее на кои Лукаку е лут. На него се наоѓа и Мино Раиола, неговиот, но и менаџер на шведскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…