Дома Останати Хаос во најава: Иницијаторите за смена на Димевски си закажаа свое Вонредно собрание!

Хаос во најава: Иницијаторите за смена на Димевски си закажаа свое Вонредно собрание!

Како што стојат работите во наредниот период може да се случува вистински хаос во македонскиот олимпизам.

Имено, иницијаторите за смена на првиот човек на МОК, Даниел Димевски закажаа Вонредно собрани за негова смена кое треба да се одржи два дена пред Редовното собрание кое го закажа Куќата на олимпизмот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најавите се дека членките на Собранието на МОК ќе се соберат на 6-ти февруари во салата „Борис Трајковски“ со неколку точки на дневниот ред. За потезите на иницијаторите за смена на Димевски се информирани и луѓето од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), кои се поканети да присуствуваат на собирот на 6 февруари.

Без разлика на двете двете епилогот на двете собранија, очигледно е дека Димевски нема да сака да си замине без борба, меѓутоа како и што често се случува во таа борба најголеми жртви можат да бидат спортистите.

Треба да се потсети и дека сето ова се случува во годината кога треба да се одржат Олимписките игри во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…