Интер во последно време бележи лоши резултати, па и атмосферата во соблекувалната не е на посакуваното ниво.
Италијанските медиуми дека целата ситуација достигнала кулминација минатата недела кога после ремито со СПАЛ настанала жестока расправија помеѓу играчите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере дела Сера“ пренесува дека главни актери во расправијата биле хравтските репрезентативци Перишиќ и Брозовиќ кои жестоко се расправале со капитенот Мауро Икарди.
Доказ за големата расправија се и социјалните мрежи. Брозовиќ престана да го следи Аргентинецот на Инстаграм, додека Перишиќ го избриша Икарди од листата пријатели на Фејсбук.
Напаѓачот на „нероаѕурите“ има проблем и во приватниот живот бидејќи е скаран со својата сопруга Ванда Нара.
Медиумите на Апенините пренесуваат дека од целата ситуација најмногу може да профитира Реал Мадрид кој сака да го види 24-годишниот Аргентинец во своите редови.