Петте порази во низа ги налутија навивачите на Партизан кои вчера ги нападнаа и играчите на својот тим.
Црно-белите беа поразени од Баерн на домашен терен и иако Партизан се уште има шанси да дојде барем до плејинот, навивачите збеснаа. Тие вербално ги нападнаа кошаркарите по натпреварот, а веројатно да не беше обезбедувањето ќе дојдеше и до физички контакт.,
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кошаркарите со помош на полицијата и обезбедувањето беа испратени во соблекувалната. Полскиот репрезентативец Матеуш Понтика не можеше да ги истрпи критиките, па тргна да возврати.
Кога кошаркарите веќе беа во тунелот дојде до тепачка меѓу навивачите на трибините.