Дома Фудбал Германија Хаос во Баерн: Коман и Левандовски се „фатија за гуша“

Хаос во Баерн: Коман и Левандовски се „фатија за гуша“

Иако тимот на Баерн моментално се наоѓа во одлична форма, сепак „Билд“ пренесува дека било многу тензично на последниот тренинг на Баварците.

Еминентниот германски весник пренесува дека на денешниот тренинг дошло до физичка пресметка меѓу фудбалерите, а во главна улога биле Кингсли Коман и Роберт Левандовски.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Двајцата фудбалери си размениле неколку тешки зборови, а потоа дошло и до физичка пресметка, по што останатите соиграчи требало да ги разделуваат.

Тренерот Нико Ковач наместо да ги казни и да ги испрати во соблекувална, им дозволи до крај да го одработат целиот тренинг.

Иако не се знае точната причина за инцидентот, ова не е прв пат Бавраците оваа сезона да имаат проблеми со атмосферата во тимот.

Баерн во минатото коло со 5-0 го декласираше тимот на Борусија Дортмунд, па по долго време се врати на првата позиција во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…