Дома Фудбал Хаос во авионот: Нани се степа со навивачите на Лацио

Хаос во авионот: Нани се степа со навивачите на Лацио

Италијанските медиуми пренесуваат дека настанало хаос во авионот со кој се возеле играчите и некои навивачи на Лацио.

Небесно сините денеска одиграа нерешено на гостувањето против Каљари, а во текот на враќањето за Рим се случил немил настан.

Како што пренесува Медиасет Премиум, авионот со кој се возеле играчите и дел од навивачите на Лацио каснел 20 минути. Во еден момент навивачите на Лацио почнале да дофрлаат навредливи зборови кон крилниот играч на клубот поради неговата игра, а тој тоа не го поднесе на најдобар начин.

Во тој момент Нани тргнал физички да се пресмета со навивачите, во кој судир учествувале седум луѓе, меѓу кои и дел од екипажот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дајч пред враќање во Премиер лигата? Кристал Палас размислува за промена

Лошите резултати го зголемуваат притисокот врз Пјер Саж, а Шон Дајч е меѓу главните кандид…