Дома Трансфер зона Хамес се предомисли: Сакам уште долго да останам во Реал!

Хамес се предомисли: Сакам уште долго да останам во Реал!

Хамес Родригез ги демантираше шпекулациите дека на лето ќе го напушти Реал Мадрид и истакна дека сака уште долго да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Ова е всушност демант на самиот себе си, бидејќи Колумбиецот неодамна јавно призна дека не е задоволен од својот статус во Реал и размислува за промена на средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа покрена лавина на шпекулации, но сега Хамес Родригез истакна дека после долго размислување заклучил дека Реал Мадрид е вистинскиот клуб за него.

„Многу размислував за тоа и сватив дека Реал Мадрид е клубот каде што сакам да бидам. Секогаш сум сонувам да играм за овој клуб и сега сакам да останам овде многу години“, изјави Родригез.

Колумбиецот оваа сезона запиша 20 настапи за „кралевите“, но само на 4 меча беше стартер во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…