Дома Топ вести Хамес Родригез го избра новиот клуб!?

Хамес Родригез го избра новиот клуб!?

Шпанскиот магазин „Don Balon“ пренесува дека Хамес Родригез на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Реал Мадрид и дознава дека Колумбиецот кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повикувајќи се на извори блиски до „десетката“ на Реал, весникот тврди дека наредната дестинација во неговата кариера ќе биде Манчестер Јунајтед.

Интерес за Хамес Родригез покажаа неколку европски гиганти меѓу кои Баерн Минхен, Ливерпул и Јувентус, меѓутоа Колумбиецот избрал да се пресели на „Олд Трафорд“.

Родригез оваа сезона кај Зидан има мала минутажа и неколку пати јавно призна дека не е задоволен од својот статус во Мадрид.

„Кралевите“ нема да му стојат на патот и ќе го пуштат да си замине на лето, а за возврат ќе бараат сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…