Дома Трансфер зона Хамес: Не можам да ветам дека ќе останам во Баерн!

Хамес: Не можам да ветам дека ќе останам во Баерн!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Хамес Родригез потврди дека на крајот на сезоната многу е веројатно да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот веќе две сезони игра за Баварците како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, а Баерн има опција да го откупи неговиот договор за 42 милиони евра.

Сепак, Хамес индиретно потврди дека ќе си оди, а основната причина е што не игра редовно под водство на тренерот Нико Ковач.

„Во споредба со минатата сезона ситуацијата е различна. Би сакал да останам бидејќи ја чувствувам љубовта на фанонивите. Меѓутоа кај новиот тренер не добивам доволно шанса и не можам да ветам дека ќе останам. Ако треба да си одам, ќе си одам“, изјави Хамес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…