Како што пренесуваат бројни медиуми во Италија и Шпанија, Хамес Родригез на лето би требало да го облече дресот на Наполи.
Колумбиецот ја игра својата втора сезона на позајмица во Баерн Минхен, кој најверојатно нема нема да ја искористи договорената опција со Реал за откупување на неговиот договор. Јасно е дека за Колумбиецот нема повеќе место на „Сантиаго Бернабуе“, па неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Наполи најавија две или три големи засилувања за следната сезона, а изгледа дека едно ќе биде токму Родригез, кој наводно нема ништо против кариерата да ја продолжи во Наполи поради тренерот Анчелоти со кој соработуваше во Реал.
За Родригез сериозно беше заинтересиран и Јувентус, но тие се откажа откако што го доведоа Ремзи. Арсенал исто така се повзруваше со Колумбиецот, кој би претставувал засилување за тимот на Емери, но проблем за Арсенал се финансиите и Родригез кариерата ќе ја продолжи на некое друго место.
Родригез имаше одлична соработка со Анчелоти во Реал Мадрид и токму Италијанецот беше иницијатор за негово доаѓање во Баерн Минхен.
Сега двајцата би можеле повторно да соработуваат во Неапол, бидејќи Анчелоти на лето ќе добие одврзани раце за трансфери и солиден буџет.
„Минатото лето немаше потреба да правиме реконструкција на тимот, но ова лето ќе биде на Анчелоти“, изјави неодамна претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.