Дома Трансфер зона Хамес блесна во новата година и порача: Останувам во Реал!

Хамес блесна во новата година и порача: Останувам во Реал!

Реал Мадрид играше без неколку стандардни играчи против Севиља, а Зидан реши да му даде панса на Хамес Родригез кој ја оправда довербата со два гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хамес беше херој на „кралевите“ во победата над Севиља во Купот, а потоа порача дека ќе остане во Реал Мадрид иако сака поголема минутажа.

„Сите во тимот сакаме да играме. Сега сум добро, сите поинуваме низ тешки моменти. Останувам во Реал, сигурно останувам“, потврди Колумбиецот.

„Сакам да играм добро кога ќе добијам шанса и да му помогнам на тимот со голови и асистенции. Сите во клубот се важни. Нормално е дека постојат играчи кои се поважни од другите, но сакаме да покажеме дека сите се важни. Новата година ја започнавме со тежок противик и беше клучно да ја победиме“, додаде Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…