Eрлинг Халанд фантастично ја започна својата авантура во Манчестер Сити, Норвежанецот се заканува да ги сруши сите можни голгетерски рекорди.
Платата за која игра Халанд во Борусија Дортмунд изнесува 350.000 фунти неделно, толку заработува и капитенот на „граѓаните“ Кевин Де Брујн. Меѓутоа Халанд во својот договор има неколку клазули кои се поврзани со постигнати голови и освоени титули, па така ќе биде најплатен во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проценките на фудбалските експерти се дека ако Халанд продолжи со вакво темпо ќе заработува неверојатни 900.000 фуни неделно.
Сезонава на 12 натпревари во сите конкуренции Халанд постигна 19 гола, 14 од нив се во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите.