Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери во светот и на крајот на сезоната сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Норвешкиот напаѓач има три опции во овој момент и три европски гиганти ќе ја водат главната битка за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесува „Атлетик“ од извори блсики до фубалерот, Халанд ја одбил понудата на Барселона и во моментов му остануваат две опции, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Во Минхен се сретнале Халанд и тренерот Чави, но и покрај големите напори, Барселона не успеала да го убеди фудбалерот да се пресели на лето на „Камп Ноу“.
Во најтесна конкуренција за потписот на Халанд остануваат Реал Мадрид и Манчестер Сити. Норвежанецот во следните недели ќе донесе конечна одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.