Дома Фудбал Англија Халанд: Јадам срце и џигер од крава, тоа е добро за моето тело

Халанд: Јадам срце и џигер од крава, тоа е добро за моето тело

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд се наоѓа во одлична форма, а во дресот на Манчестер сити оваа сезона постигна дури 20 голови на 13 меча и делува незапирливо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многумина се прашува која е тајната на неговиот успех и како е можно да биде толку добар, по што англиските медиуми откриваат дека дел од заслугата има неговата необична исхрана.

Халанд неодамна во еден документарен филм кажа дека јаде многу месо, но квалитетно кое го набавува од локални произведувачи.

„Другите луѓе не го јадат тоа, но јас се грижам за моето тело. Мислам дека треба да јадам квалитетна храна за да бидам добар. Јадам срце и џигер од крава, а тоа го избегнуваат многумина, иако сметам дека е добро за моето тело“, вели Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…