Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд: Сонувам за трофеј во ЛШ откако видов како Јунајтед го победи Челзи

Халанд: Сонувам за трофеј во ЛШ откако видов како Јунајтед го победи Челзи

Ерлинг Халанд утре ќе има можност за првпат да ја освои Лигата на шампионите, а сонува да триумфира во ова натпреварување уште кога Манчестер Јунајтед го совлада Челзи на пенали во 2008 година.

Манчестер Јунајтед таа 2008 година на пенали ги совлада „сините“ и го освои пехарот во ЛШ. Тоа е првото финале кое Халанд го памети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сонувам за освојување на Лигата на шампионите цел мој живот, откако го паметам првото финале кое го гледав. Во 2008 играа Челзи и Јунајтед и кога видов како слават посакав и јас тоа да го доживеам.

Манчестер Сити Премиер лигата ја освојуваше двапати по ред и пред да дојдам тука значи знаат да го прават тоа и без мене. Единствената работа која недостасува е Лигата на шампионите. Можете да читате меѓу редови…Тука дојдов со причина“, изјави Халанд.

Утре ќе биде првата шанса за Халанд да стигне до најпосакуваниот европски трофеј и неговиот тим ќе биде фаворит во дуделот против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…