Дома Фудбал Останато Халанд: Секоја вечер спијам со пет топки, тие ми се како девојки

Халанд: Секоја вечер спијам со пет топки, тие ми се како девојки

Ерлинг Халанд е тинејџерот кој ја воодушеви Европа со своите настапи во дресот на австриски Салзбург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешка во последните два квалификациски натпревари за ЕП ќе игра против Фарски Острови и Малта. Сепак, натпреварите на Норвешка и тоа како во овие моменти привлекуваат внимание и тоа само поради Халанд. Фарски Острови и Малта можеби ќе бидат прилика за ново гол-шоу на голгетерското чудо.

Халанд пред овие два натпревари даде една интересна изјави и откри дека пет топки со кој постигнал хет-трик си ги чува во својот кревет.

„Најдобро се чуствувам кога постигнувам голови. Во мојот кревет имам пет топки со кој сум постигнал хет-трик. Со нив спијам секоја вечер, тие ми се како девојки“, изјави Халанд.

Во овој момент тој се поврзува со европски гиганти како Јувентус и Манчестер Јунајтед, па останува да видиме дали во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го финализира трансферот на бек

Барселона го финализира заемот на Хосуе Кайседо, кој во следната сезона ќе игра за дуплира…