Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стави потпис на нов договор за спонзорство со компанијата „Најк“.
Според медиумите, договорот на Норвежанецот со американската компанија ќе изнесува 23 милиони евра годишно, што го прави неговиот договор втор најскап во историјата на фудбалот по договорот на Нејмар со „Пума“ за 26 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот е со траење на десет години „Најк“ ќе сака Халанд да биде наследник на Бразилецот Роналдо и да биде препознатлив знак на оваа компанија.
„Невидениот подем на Халанд во европскиот фудбал, во комбинација со неверојатна рекордна бројка на голови, го зацврстува неговиот белег врз иднината на спортот“, се вели во соопштението на американскиот бренд.
A new era of #9.@erlinghaaland is a Force Of Nature.
— Nike Football (@nikefootball) March 31, 2023
Are you ready?#nikefc pic.twitter.com/7UZrG0dngq