Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд постигна гол па славеше пред голманот на Севиља 🎥

Халанд постигна гол па славеше пред голманот на Севиља 🎥

Неверојатниот Ерлинг Халанд вчера повторно блесна.

Феноменалниот Норвежанец постигна два гола во натпреварот против Севиља и беше најзаслужен што Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен со головите Халанд во овој натпревар привлече внимание и со неспортското днесување после голот од пенал во 54. минута.

Халанд го совлада Боно, а потоа го провоцираше така што отиде да слави пред него, тоа ги изреволтира играчите на Севиља кои тргнаа по него.

После натпреварот Халанд беше запрашан за таа ситуација.

„Промашив и Боно почна да ми се смее. Кога повторно шутирв и погодив, повеќе не се смееше. Кога ми дофрли нешто после првиот пенал помислив дека е подобро да постигнам уште еден гол. Немам поим што му кажав. Истите зборови ми ги кажа и тој мене и навистина не знам што значи“, изјави Халанд после натпреварот.

На крајот сепак се помина спортски и Боно и Халанд срдечно се поздравија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ракитиќ му се закани на Модриќ: Ако го направиш тоа ќе си имаш работа со мене

Се уште не е познато каде ќе игра Лука Модриќ следната сезона, но неговиот сонародник Иван…