Дома Фудбал Германија Халанд откри до кога планира да остане во Дортмунд

Халанд откри до кога планира да остане во Дортмунд

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кажа дека планира да остане во клубот додека не му заврши договорот во 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халанд во јануари пристигна во Дортмунд за 20 милиони евра, а од тогаш одигра 18 меча и постигна 16 голови. Норвежанецот во просек постигнува гол на секои 82 минути.

„Имам договор со Дортмунд до 2024 година. Моја цел е да освојам титула со екипата и така да го прославам успехот со навивачите“, кажа фудбалерот.

Дортмунд нема освоено титула од 2012 година, а Баерн Минхен веќе осум сезони по ред е шампион во Бундеслигата.

„Имаме квалитет да бидеме шампиони, но тоа не е доволно. Баерн игра импресивно, а ние мора да продолжиме со напорната работа доколку сакаме резултати и успеси“, вели Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…