Дома Топ вести Халанд му кажа ДА на Челзи

Халанд му кажа ДА на Челзи

Ерлинг Халанд сака кариерата да ја продолжи во Челзи, но прво ќе мора да ги убеди раководните лица на Борусија Дортмунд да му дозволат да си замине ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот клуб тврди дека Халанд не е на продажба, но сепак поставија цена за која веруваат дека заинтересираните клубови нема да ја платат.

Високата цена не го поколеба Челзи, кој спремил понуда од 180 милиони евра за потписот на Халанд, тврдат медиумите на Островот.

Европскиот шампион нема да жали пари за да ја исполни најголемата желба на тренерот Тухел, а тоа е токму Халанд.

Последните информации од Островот се дека Халанд се согласил на трансфер на „Стенфорд Бриџ“ и наскоро двата клуба ќе ги започнат преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…