Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, сака да го напушти клубот поради лошиот однос со Пеп Гвардиола, открива шпанскиот медиум „Национал“.
Халанд е во фантастична голгетерска форма, досега за Сити постигна 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања и дефинитивно покажа дека е еден од најдобрите трансфери во Премиер лигата во последните години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што тврди „Национал“, Гвардиола има лош однос и со неколку други фудбалери, Бернардо Силва, Ејмерик Лапорт, а оваа зима Жоао Кансело по караница со менаџерот замина на позајмица во Баерн Минхен.
Шпанскиот стратег направил лоша атмосфера во соблекувалната затоа што Гвардиола не е навикнат да биде под притисок и да заостанува зад лидерот.