Дома Фудбал Халанд: Кога ќе ја завршам кариерата сакам да живеам на фарма

Халанд: Кога ќе ја завршам кариерата сакам да живеам на фарма

Eрлинг Халанд во дресот на Борусија Дортмунд веќе покажа дека располага со голем потенцијал и за него се интересираат голем број европски клубови.

Сигурно дека Норвежанецот ќе биде една од главните теми во летниот преоден рок и според многумина ова лето е вистинското за негов нов чекор во кариерата. Сега во интервјуто за „Скај“ Халанд зборуваше за неговите планови откако ќе ја заврши кариерата.

„Кога и да имам можност се обидувам да се опуштам. Возам трактор, хранам животни на фарма и тоа планирам да го правам во иднина. Кога ќе ја завршам кариерата сакам да имам една мала форма на која јас ќе работам“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…