Дома Фудбал Халанд изненади – призна дека голот на Сити бил нерегуларен!

Халанд изненади – призна дека голот на Сити бил нерегуларен!

Maнчестер Сити вчера ја оправда фаворитската улога и успеа да освои нови три бода во пресметката со Фулам, но гостите од Лондон прикажааа солиден отпор во првото полувреме.

Во првиот дел видена беше и една голема неправда, Аке постигна гол за водство, но тоа беше гол кој предизвика реакции затоа што според најголем дел оние кои го гледаа натпреварот сметаа дека има недозволена позиција.

Искрен за оваа ситуација беше и напаѓачот на „граѓаните“, Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик.

„Мислам дека беше офдајд, се чувствувам лошо поради играчите на Фулам, ќе бев и јас бесен да се случеше истото, тоа е страшно чувство“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …